Покетино и Клоп најблиску до потпис на одличен Германец!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Талентираниот германски фудбалер веќе некое време е во списоците на многу европски клубови, а по се изгледа дека судбината ќе го однесе во ПЛ.

Според медиумите, Ливерпул и Тотенхем ова лето ќе се борат за потпис на Макс Мејер.

Крилниот фудбалер на Шалке важи за еден од најталентираните фудбалери во Германија, а договорот му завршува во 2018-та година, па јасно е дека претстојниот преоден рок ќе биде голем пресврт во неговата кариера.

Преговорите со Шалке за продолжување на соработката не одат во вистински правец, а фудбалерот изјави дека шансите да го напушти тимот се исти со тие да остане во клубот.

„Нови преговори немаше, но сеуште постои можност да го продолжам договорот, шансите се 50-50.“

Медиумите пренесуваат дека Ливерпул и Тотенхем се најблиску до неговиот потпис, а најреално делува дека тој ќе премине во редовите на Ливерпул.

Овој 21-годишен фудбалер е капитен на младиот тим на Германија, а веќе одигра 4 натпревари во сениорскиот тим.

Оваа сезона има постигнато 4 асистенции и 2 голови во 32 натпревари за Шалке.