Зидан е најдобриот на сите времиња


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека и ова лето ќе биде во фокус можниот трансфер на Еден Азар во Реал Мадрид.

Дури Реал се спрема да испрати понуда за фантастичниот белгиец, тој имаше само пофални зборови за својот идол, а можеби и иден тренер, Зинедин Зидан.

„Зидан е најдобриот фудбалер во историјата. Беше паметен фудбалер, не беше брз, но можеше што сака да направи со топката. Постигна многу погодоци во финалињата, на СП и ЛШ“, изјави Азар.

Од друга страна познато е мислењето на Зидан за Азар.

„Азар е фудбалер од светска класа. Секогаш сум спремен да го доведам во Мадрид“, изјави Зидан.