Заборавете на сите – Ова е промашувањето на годината (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во фудбалот секој ден гледаме големи промашувања, но она што го направија фудбалерите на Ривер Плата е невозможно.

На натпреварот од 17-то коло во аргентинската лига, Ривер Плата го победи Белграно со 2:1, но победата ќе беше поубедлива ако домашните фудбалери во судиското продолжение не ја пропуштеа големата шанса.

Се отвори простор за контранапад и одеднаш пред голманот на гостите се најдоа четворица фудбалери на Ривер Плата.

Иако можеа да избираат како да го постигнат погодокот, фудбалерите на Ривер не ја реализираа големата шанса.

Голманот на гостите, Акоста беше херој бидејќи ја изваде топката од гол линија.