Третина од фудбалерите не беа ниту родени кога Тоти дебитираше!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На денешен ден далечната 1993 во дресот на Рома дебитираше принцот на Рим, а после 24 години, истиот тој принц е вистинска легенда како на Рома така и на италијанскиот и светскиот фудбал.

Тој дебитираше против Бреша каде што Рома победи со 2:0.

И ден денеска Тоти е член на овој клуб и вистинска легенда.

Еден податок вели дека третина од фудбалерите кои денеска играат во Серија А не биле ниту родени кога Тоти дебитирал

Од 529 пријавени фудбалери во Серија А оваа сезона, дури 168 се родени после дебитантскиот настап на Тоти.