Естонија ја декласира Хрватска, Русија се спаси од пораз од Белгија, Босна подобра од Албанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа уште три пријателски натпревари.

Босна и Херцеговина ја победи Албанија на гости со 1:2.

Во седмата минута од натпреварот Един Џеко од пенал му донесе водство на босанците. Пред крајот на првото полувреме Лулиќ го зголеми водството на гостите.

Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Балај ги постави конечните 1:2.

 

Естонија изненадувачки ја декласира Хрватска, 3:0.

Лутс после една минута ги израдува домашните навивачи. Во период од две минути во второто полувреме резервите Васиљев и Зењов ги поставија конечните 3:0.

 

Русија ремизираше против Белгија, 3:3.

После три минути игра Васин му донесе водство на Русија. Миралаш од пенал во 17-та минута го израмни резултатот. Бентеке во период од три минути постигна два погодоци за 1:3.

Резервата Миранчук по влегувањето на терен намали на 2:3. Во судиското продолжение резервата Букхаров ги постави конечните 3:3.