Мајами Опен – Федерер се намачи, Зверев го исфрли Вавринка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рожер Федерер се пласираше во ¼-финале на Мастерсот во Мајами, откако го победи Агут.

Освојувачот на 18 Грен Слем титули имаше многу проблеми против незгодниот Шпанец, но сепак успеа да победи со 7:6 и 7:6 и во наредното коло ќе игра против Бердих.

Федерер во првиот тај-брејк беше подобар со 7:5, а во вториот беше посигурен со 7:4.

Мала сензација направи Зверев кој го победи Вавринка со 4:6, 6:2 и 6:1.

Во борба за ½-финале, тој ќе игра против Кирјос кој беше подобар од Гофин со 7:6 и 6:3.