Голден Стејт беше подобар од Хјустон, голем пресврт на Вашингтон!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот вице-шампион Голден Стејт го  победи Хјустон со 113:106. Ова беше нивна 8-ма победа по ред во Западот.

Најдобри беа Кари со 32 поени и 10 асистенции додека Томпсон постигна 25 поени и 5 асистенции.

На домаќинот не му помогна ниту трипл-дабл на Харден, односно 24 поени, 13 асистенции и 11 скокови.

Вашингтон го победи Лејкерс со пресврт со 119:108. Вол за гостите постигна 34 поени и 14 асистенции додека кај домаќините најдоабр беше Расел со 28 поени.

Останати резултати:

Шарлот – Милвоки 108:118
Атланта – Феникс 95:91
Бруклин – Филаделфија 101:106
Детроит – Мајами 96:97
Портланд – Денвер 122:113