„Би ми била чест да го превземам Арсенал!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Арсенал сметаат дека време е Венгер да замине од Арсенал по 2 децении.

Под негово водство Арсенал во последните 12 години освои 2 титули во ФА и Комјунити Шилд купот, а незадоволни од резултатите се и навивачите кои сметаат дека е време Арсенал да започне нова ера.

Со Арсенал во последните недели се поврзуваат голем број тренери, а едно од имињата е Анри.

„Не е на мене да зборувам за тоа, иако би ми била голем ачест. Сепак, некои работи треба да се почитуваат. Сите знаат дека Арсенал е во моето срце, но тешко ми е да зборувам за тоа. Многу го почитувам Венгер. Не зависи од мене, но подготвен сум да учам, секако.“

Анри како играч остави голема трага во Арсенал. Тој одигра 400 натпревари за нив и постигна 228 голови.