„Се чувствувам посилно!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марија Шарапова наредниот месец се враќа на тенисот, по 15-месечна суспензија поради земање на недозволената супстанција мелдониум.

Поранешната прва тенисерка во светот изјави дека големиот број на проблеми ја направиле психички постабилна и дека очекува повторно да се најде во самиот врв на ВТА листата.

„Научив дека животот без тенис може да биде во ред. Тоа искуство ме направи посилна. Последните 4 месеци тренирам напорно, но тоа не е исто како кога играте натпревар. Знам дека моето тело и ум имаат мотивација да бидам најдобра.“

Шарапова доби специјална покана за ВТА турнирот во Штутгарт, кој се игра од 24 до 30-ти април.