Денот кога Србија доби европски шампион во женска кошарка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешен ден пред точно 38 години женскиот кошаркарски клуб на Црвена Звезда постана европски шампион.

Финалето беше одиграно во Ла Коруња, Цвезда славеше против БСЕ од Унгарија со убедливи 97:62 и Србија доби европски шампион.

Сите осум натпревари пред големото финале во западниот шпански град, Звезда ги доби и сосема заслужено го освоија насловот шампион на Европа.

Еве ќе ве потсетиме на шампионската генерација:  Билјана Марковиќ, Јасмина Милосавлевиќ, Гордана Вукмировиќ, Весна Ковачевиќ, Вукица Митиќ, Споменка Мрденовиќ, Анџелка Вукмировиќ, Зорица Џурковиќ, Софија Печиќ, Наталија Бачановиќ, Јасмина Калиќ, Драгана Пандуров, Весна Делиќ, Душица Тушевијаковиќ и Драгица Леќиќ на чело со Страхиња Браца Алагиќ.