„Не сум виновен јас за суспензијата на Меси!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диего Марадона демантираше дека имал било каква врска со суспензијата на Лионел Меси.

Фудбалерот на Барселона поради навредување на судијата од страна на ФИФА е казнет со 4 натпревари неиграње, а суспензијата стигна во лош период за Аргентина, со оглед на тоа дека Меси ќе ги пропушти сите натпревари во квалификациите.

Аргентинците се загриќени, затоа што по поразот од Боливија, пласманот на СП не им е сигурен, а дополнителен шок за нив е информацијата дека за суспензијата е виновен Марадона.

„Не, јас навистина немам ништо со тоа. Не ни знаев дека Меси ќе биде казнет.“

Освен суспензијата, Меси ќе треба да плати и 10.000 евра.