Младите надежи со втора најдолга серија во Европа – Две години не знаат за пораз


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската репезентација до 21 година заедно со Португалија ја има најдолгата серија без пораз на официјални натпревари.

Селекцијата која ја предводи Благоја Милевски нема пораз на 13 натпревари во низа. Фудбалските херои кои го изборија историскиот пласман на ЕП во Полска немаат пораз од 11-ти јуни 2015-та година кога во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2017 загубија на гостувањето во Исланд. Португалија која играше финале на последното ЕП, исто така има двоцифрен број натпревари без пораз. Нашите противници во Б групата од ЕП немаат пораз на последните 19 натпревари.

Под водство на Благоја Милевски селекцијата на Македонија има само еден пораз на 18 натпревари. Победата на последниот меч против Бугарија беше вкупно 11-та за нашата репрезентација под водство на Милевски.

Пријателски натпревар 5 победи, 2 нерешени, 0 порази

13. октомври   2014.   Македонија – Романија 2:1

16. ноември   2014.   Македонија – Црна Гора 1:0

30. март   2015.   Словенија – Македонија 1:1

07. септември 2015.   Македонија – Австралија 3:1

01. јуни   2016.   Македонија – Белорусија 1:1

24. март   2017.   Македонија – Црна Гора 2:0

28. март   2017.   Македонија – Бугарија 1:0

 

Квалификациски натпревари 6 победи, 3 нерешени, 1 пораз

11. јуни   2015.   Исланд – Македонија 3:0

05. септември 2015.   Македонија – Украина 1:0

13. октомври   2015.   Северна Ирска – Македонија 1:2

15. ноември   2015.   Македонија – Франција 2:2

24. март   2016.   Македонија – Исланд 0:0

28. март   2016.   Франција – Македонија 1:1

27. мај   2016.   Украина – Македонија 0:2

02. септември 2016.   Шкотска Македонија 0:1

06. септември 2016.  Македонија – Северна Ирска 2:0

11. октомври   2016.  Македонија – Шкотска 2:0