Заслужено – Лукаку е играч на месецот во ПЛ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку е прогласен за најдобар играч за месец март во ПЛ.

Тој беше одличен во дресот на Евертон и постигна 4 голови, па моментално е прв стрелец во ПЛ со 21 гол.

„Многу сум среќен поради оваа награда. Мислам дека оваа година сме подготвени за дербито затоа што имавме репрезентативна пауза и не зборувавме многу за тој натпревар. Моментално играме многу добро.“

„Свесни сме дека мора да бидеме фокусирани и да ги држиме емоциите под контрола, иако станува збор за големо дерби.“

Да потсетиме, Ливерпул и Евертон играат од 13:30 во сабота.