Вардар Неготино освои бод против Новаци, Скопје ремизираше против Велазерими, победа на Еуромилк


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа четири натпревари од 19-то коло во втората македонска фудбалска лига.

Скопје и Велазерими ремизираа, 1:1.

Фуркан Али во 14-та минута му донесе водство на Велазерими, а Ѓоко Алексовски неколку минути подоцна го израмни резултатот. Домашниот тим натпреварот го заврши со 10 фудбалери бидејќи Дарко Ѓурчиновски доби црвен картон, а резултатот остана 1:1.

 

Новаци и Вардар Неготино ги поделија бодовите, 1:1.

Во првото полувреме од натпреварот мируваа мрежите. Мирко Симјановски во 66-та минута му донесе водство на Вардар Неготино. Четири минути подоцна беше досуден пенал за новачани, а Благојче Марковски ги постави конечните 1:1.

 

Еуромилк на домашен терен беше подобар од Тиквеш, 2:0.

Андреј Кудијан во првото полувреме погоди за водство на Еуромилк. Конечните 2:0 ги постави Андриан Чаволи девет минути пред крајот на натпреварот.

 

На натпреварот Хоризонт Турново – Тетекс не беа постигнати погодоци, 0:0.

 

ТАБЕЛА:

1.Академија Пандев 43 бода
2.Скопје 34 бода
3.Еуромилк 33 бода
4.Новаци 32 бода
5.Турново 26 бода
6.Металург 23 бода
7.Велазерими 22 бода
8.Вардар Неготино 18 бода
9.Тиквеш 16 бода
10.Тетекс 15 бода