Љубовта на крајот победи, Баерн остана без планираното засилување!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Еберл го продолжи денес договорот, по што беа завршени шпекулациите за неговото превземање на истата позиција во Баерн Минхен.

„Имаше многу шпекулации за мене, но Менхенгладбах е мојот клуб.“

Гладбах соопшти дека 43-годишниот Еберл го продолжил договорот со клубот до 2022 година. Тој е спортски директор на Борусија од 2008 година.

Еберл според медиумите беше фаворит на крајот на сезоната да премине во Баерн и таму да го замени Замер, кој се повлече во јули минатата година од здравствени причини.

Филип Лам кој ќе се пензионира на крајот на сезоната, претходно одби да стане спортски директор на клубот, а тоа ги натера Хенес и Румениге да бараат други кандидати.