Радичевиќ го наполна Крим – Трета победа за Вардарки во ВРХЛ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар ја запишаа третата победа во регионалната ВРХЛ лига после победата против Крим во Љубљана со 27:26.

Вардарки настапија без неколку ракометарки, но и без нив стигнаа до победа. Јованка Радичевиќ беше расположена и постигна 12 погодоци. Сања Дамњановиќ постигна 5, Александра Лакрабер 4, Камила Херем и Марија Петровиќ по 2, Андреа Кликовац и Барбара Лазовиќ по 1 погодок. Кај Крим најмногу се истакна Камдоп со 5 погодоци.

Утре Вардарки ќе играат против Подравка. Стана јасно дека на последниот турнир во полуфиналето ќе играат против Крим или Подравка.