Риверс стигна до 800-та победа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клиперс во градското дерби го победи Лејкерс со 115:104. Победничкиот тим го предводеше Грифин кој постигна 36 поени, 8 скокови и 5 асистенции.

Тој стана и првиот играч во историјата на Клиперс кој постигнувал повеќе од 10.000 поени.

До одличното постигнување дојде и тренерот Риверс, кој стигна до 800-та победа во кариерата.

Од активните тренери поуспешен е само Грег Попович со 1146 победи.

55-годишниот тренер седна на клупата на Клиперс во 2013-та година, а претходно ги водеше Бостон и Орландо.