Голема нула на Пискуан – Севиља и Хихон ги поделија бодовите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља ремизираа на Рамон Санчез Пискуан против Спортинг Хихон во натпревар од 29-то коло во Ла Лига, 0:0.

Насри шутираше опасно по голот на Хихон, но Куељар го одбрани неговиот удар. До полувреме немаше промена на резултатот, 0:0.

Во второто полувреме Куељар беше на вистинското место по шутот на Витоло. Пред крајот на натпреварот голманот на Хихон го одбрани ударот на Јоветиќ, па останаа почетните 0:0.

Севиља ќе остане на четвртата позиција и ќе има исто бодови со третопласираниот Атлетико Мадрид.