Реми на Сан Паоло – Наполи и Јувентус освоија по еден бод (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи и Јувентус ремизираа на Сан Паоло во натпревар од 30-то коло во Серија А, 1:1.

Во седмата минута од натпреварот бјанконерите се радуваа. Сами Кедира ја затресе мрежата на Наполи. Пред крајот на првото полувреме Наполи преку Инсиње имаше шанса за израмнување, но италијанецот шутираше непрецизно.

После еден час игра на Сан Паоло резултатот беше израмнет. Марек Хамшик го постигна погодокот за Наполи.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.

Јувентус ќе остане лидер со шест бода повеќе од второпласираната Рома. Наполи после ова реми ќе остане на третата позиција.