„Алонсо нема да го напушти Мекларен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Вилијамс, Маса изјави дека е сигурен дека Алонсо нема да го напушти Мекларен во скоро време.

Последните денови се шпекулира за таков расплет, затоа што Вебер неодамна кажа дека не би бил изненаден ако светскиот шампион не ја заврши сезоната во тимот.

„Прва работа која сите мора да ја разбереме е фактот дека тој има договор. Ако го напушти тимот сега, ќе биде заглавен до наредната година и што потоа? Има голем договор, мора да остане таму и да го испочитува до крај, иако е вистина дека може се да се случи.“

„Ако размислува за преминување во конкуретен тим, тоа секако нема да може да го направи оваа година. Дали ќе се повлече сред сезона? Верувам дека нема, но како што реков, ништо не е невозможно.“