Селби победи во Пекинг и најави поход на светската титула!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот снукер играч во светот, Марк Селби победи во Кина и освои 85.000 фунти.

Тој во финалето победи против Вилијамс со 10:8 по фрејмови. Така тој стигна до 11-та титула на овие турнири и 4-та во сезоната, па така е главен фаворит за СП кое започнува во среда со квалификационите натпревар.

„Двајцата одигравме добар натпревар. Ниту еден не правеше многу грешки и само неколку топки го одлучија победникот. Во Шефилд на СП ќе дадам се од себе. Победата во Кина ме полни со самодоверба, иако треба на СП да играат многу играчи кои сакаат да ја освојата титулата.“