МСН откри на челниците на клубот кој играч го сакаат во Барса


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона во ова лето ќе проба да доведе неколку звучни засилувања, а на листата на желби на каталонскиот клуб се наоѓаат неколку фудбалери.

Каталонците во ова лето ќе бидат приморани да доведат нов тренер бидејќи Луис Енрике потврди неодамна дека ќе ја напушти клупата на Барса.

Шпанскиот стручнак со овој клуб има договор до крајот на оваа сезона, а челниците на Барса не му понудија нов.

Покрај нов тренер на Ноу Камп сигурно ќе дојдат и неколку нови играчи.

Сепак, едно име посебно се истакнува, а тоа е играчот на Ливерпул, Филипе Кутињо.

Неговото доаѓање може да биде остварено бидејќи на тоа инсистираат трите најголеми ѕвезди на Барселона.

Имено, шпанските медиуми пренесоа дека Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар порачаа на челниците на клубот да го дадат својот максимум со цел Кутињо да стигне на Ноу Камп.

Барса ќе мора во тој случај да го одврзе кесето, а наводно може да го продадат Андре Гомеш а со тие пари да го доведат Кутињо.