„Бевме разделени!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер на свој терен беше шокиран од Сампдорија со 2:1 во последниот натпревар од 30-то коло во Серија А.

Губењето на новите бодови тешко му падна на тренерот Пиоли, кој на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека неговиот тим изгледаше разделено на теренот.

„Овој резултат е лош за нас. На теренот не изгледавме лошо до 50-та минута кога Сампдорија израмни. Некои играчи играат премногу за себе. Мислам дека како тим сме разделени.“

Интер се наоѓа на 6-то место со 55 бодови, дури 9 помалку од Наполи кој е на 3-то место кое води во квалификациите за ЛШ.