Верлајн ја пропушта трката за ГН Кина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паскал Верлајн ќе ја пропушти и втората трка во сезоната за ГН на Кина, и тоа поради повреда на грбот.

Тој најверојатно ќе ја пропушти и трката во Бахреин, во обид да оздрави од лошата повреда.

Да потсетиме, тој не возеше ниту во Австралија, откако се мачеше на тренинг.

Германецот кој вози за Заубер на таа трка го замени Џовинаци кој ќе продолжи да вози додека не се врати Верлајн.

„За мене најважно е да бидам 100% подготвен. Се надевам дека ќе се вратам во Бахреин, а ако не, тогаш ќе се потрудам да бидам подготвен за Русија.“

Трката во Кина се вози во недела од 8 часот.