„Бензема е секогаш во акција!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид повторно имаше само пофални зборови за Бензема.

Бензема постигна гол во победата на Реал против Алавес и тоа беше негов 4-ти гол во 4-от натпревар, па сега е на бројот од 15 голови во Примера оваа сезона.

Тој беше мета на многу критики на навивачите, но Зидан останува на мислењето дека Бензема е важен за тимот.

„Тој секогаш прави вишок или решавачко додавање. Секогаш е во акција, создава шанси. Тој е подготвен и јас сум многу среќен поради него, како и поради тоа што во завршниот дел од сезоната може да сметаме на некој кој е во добра форма.“

Реал Мадрид се наоѓа на прво место во Примера, со 2 бодови повеќе од Барселона.