Непрофесионализмот на Габигол, дали ова е крај на неговата кариера во Интер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Габриел Барбоса, познат како Габигол, направи голема глупост во текот на натпреварот со Сампдорија.

Проблемите во Интер продолжуваат, таман кога мислеа дека почнаа добрите резултати.

Вчера беа поразени од Сампдорија со 1:2, иако водеа по првите 45 минути.

Интер не играше добро, во нападот немаа многу решенија, а и кога стигнуваа до шанси, не ги искористија.

Поради тоа, Габигол се очекуваше да биде внесен во игра, но тоа не се случи, Пиоли одлучи да внесе други фудбалери, а тоа го налути Бразилецот.

Марио влезе на местото на Перишиќ по пеналот на Гаљардини за 2:1, а тоа беше последна измена на Пиоли.

Габигол, кој се загреваше, реагираше многу непрофесионално, го шутна шишето со вода и не криеше дека е лут.

Иако стигна за 30 милиони оваа сезона, тој одигра само 83 минути во Серија А.