Блажевски донесе победа за Вардар, Трајчевски ја реши Шкендија, Силекс го оддалечи Пелистер од борбата за Европа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одиграа сите пет натпревари од 25-то коло во првата македонска фудбалска лига.

Актуелниот шампион и лидер на табелата, Вардар на гости кај Ренова победи минимално, 0:1.

Стрелец на победничкиот погодок за црвено-црните беше резервата Дејан Блажевски во второто полувреме.

 

Работнички минимално на Телеком Арена ја победи Шкендија, 1:0.

Душко Трајчевски во 24-та минута му ја донесе победата на романтичарите. Шкендија на денешниот натпревар промаши и пенал, а тој беше при резултат 0:0 кога Бесарт Ибраими ја погоди стативата.

 

Брегалница во Штип го декласира Шкупи со 3:0.

Ристе Наумов му донесе водство на Брегалница. Во 26-та минута беше досуден пенал за домашните, а Горан Здравков го зголеми водството на Брегалница. Ристе Наумов пред крајот на првото полувреме го постигна својот втор погодок на натпреварот за 3:0. Во второто полувреме мируваа мрежите, а Брегалница на крајот се радуваше на победата.

 

На натпреварите Пелистер – Силекс и Македонија Ѓорче Петров – Победа не беа затресени мрежите.

 

ТАБЕЛА:

1. Вардар 59 бода
2. Шкендија 50 бода
3. Работнички 42 бода
4. Пелистер 37 бода
5. Силекс 35 бода
6. Ренова 31 бод
7. Шкупи 25 бода
8. Победа 22 бода
9. Македонија Ѓорче Петров 17 бода
10. Брегалница 16 бода