„Сакам да надокнадам“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За многу фанови на Мото ГП, Јаноне на трката во Катар беше класично „дежа ву“.

Јаноне одлично возеше, но падна од Сузуки. Сега следува трката во Аргентина, каде минатата година имаше лош потег кога тој падна самиот и го турна и својот колега Довициозо.

„Не знам како ќе ви звучи ова, но сакам да надокнадам за Катар. Ова е технички потешка и брза патека. Се надевам дека условите ќе бидат добри. Овде има многу нечистотија и треба време да за се вклопите. Мислам дека од оваа трка се би можело да тргне во моја корист.“