Охрид со пресврт до победа против Борец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Охрид го победија во Билјанини Извори велешки Борец во натпревар од второто коло од плеј-офот, 34:31.

На полувреме гостите заминаа со минимална предност, 17:18. Охриѓани во второто полувреме направија пресврт и победија, 34:31.

Блажески со 6 поени го предводеше Охрид до победа. Голем допринес во победата имаше и голманот Трајковски кој го заврши натпреварот со 18 одбрани. Кај Борец најмногу се истакна Илиев со 9 погодоци.