Падна потпис во Дортмунд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот фудбалер Лукаш Пишчек го продолжи договорот со Дортмунд.

Тој го продолжи договорот до 2019-та година и уште 2 сезони најмалку ќе биде член на овој тим.

Тој оваа сезона одигра 31 од 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна 5 голови и 2 асистенции.

„Воодушевен сум поради довербата која ми ја покажа Борусија и морам да кажам дека сум горд на себе што можам да го облечам овој дрес и што ќе играм пред нашите навивачи уште 2 сезони.“

Да потсетиме, овој фудбалер во Дортмунд стигна во 2010 година од Херта.