Пелистер не издржа, Металург со пресврт славеше во Битола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Mеталург го победија Пелистер во спортската сала Младост во Битола во натпревар од второто коло од плеј-офот, 27:31.

Пелистер со три погодоци стигна до водство, 4:1. Гостите од Автокоманда постигнаа два погодоци во низа за намалување на еден негатива, 4:3. Металург во 21-ва минута од натпреварот го израмни резултатот, 10:10. Ракометарите на Пелистер постигнаа два погодоци во низа за водство, 13:11. Две минути пред крајот на првото полувреме Металург повторно стигна до израмнување, 14:14. Битолчани во последната минута направија серија од два погодоци, 16:14. На полувреме Пелистер замина со минимално водство, 16:15.

На почетокот на второто полувреме Металург го израмни резултатот, 16:16. Ракометарите на Пелистер постигнаа три погодоци во низа за враќање на предноста од три погодоци од почетокот на натпреварот, 19:16. Пелистерци промашија пенал, а гостите тоа го казнија со погодок по кој намалија на еден негатива, 19:18. Металург со четири погодоци во низа стигна до првото водство на натпреварот, 21:23. Пелистер веднаш се врати во натпреварот, 23:23. Шест минути пред крајот на првото полувреме Металург стигна до водство од четири погодоци, 25:29. На крајот Металург победи со 27:31.

Обрадовиќ со 10 погодоци го предводеше Металург до победа. Димитровски со 8 погодоци го заврши натпреварот најефикасен во тимот на Пелистер.