„Мерцедес и понатаму има најбрз болид!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо смета дека Мерцедес и понатаму има најбрз болид во Ф1 и покрај фактот дека Фетел го освои првото место на трката во Австралија.

Сепак, Рикарди кажал дека му е мило што победил Ферари на отворањето на трката.

„Не некој начин, убаво е некој што успеа да го победи Мерцедес. И понатаму мислам дека тие имаат најбрз болид и дека тие се тим кој треба да се победи, но добро е да им се земат бодови на нивните возачи.“

„Да се завршат квалификациите и да се започне на трката ќе биде подобро отколку во Мелбурн.“

„Подиумот би бил добар викенд за нас. Тоа го сакаме, но мора да им се приближиме на Ферари и Мерцедес.“