Дурант се враќа на паркетот во сабота!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите НБА играчи, Кевин Дурант се врати по повредата на коленото побрзо од што се очекуваше и се враќа на паркетот.

Дурант на паркетот ќе се врати во натпреварот против Њу Орлеанс, потврија од клубот.

Ѕвездата на тимот на почетокот на март го повреди коленото кога на ногата му падна Пачулија, па Дурант пропушти 17 натпревари, а неодамна започна да тренира со тимот.

Тој се враќа побрзо од очекуваното, затоа што се мислеше за него дека сезоната е завршена.

Голден Стејт во последно време влегоа во одлична форма и покрај неговото отсуство, се наоѓаа во серија од 13 победи.

Дурант до повредата постигнуваше во просек по 25.3 поени, 8.2 скокови и 4.8 асистенции.