Звезда не успеа, Дарушафака се пласираше во ¼-финале на ЕЛ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарите на Дарушафака се пласираа во ¼-финале во Евролигата, откако ја победиј Црвена Звезда со 78:62.

Беше ова натпревар кој директно одлучуваше за тоа кој ќе помине понатаму.

Домаќините одлично влегоа во натпреварот и направија серија од 10:0.

Таа предност ја одржуваа до крајот на првиот дел и на одморот заминаа со предност од 25:14.

Втората ¼-на донесе израмнета игра и 18:18, а до крајот на натпреварот Дарушафака одигра брилијантно и стигна до победа и ¼-финале.

Домаќините до победа ги однесе Ванамејкер со 22 поени додека Жижиќ постигна 11.