Уште две пол позиции го делат Хамилтон од нов рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денес ја освои пол позицијата на ГН на Кина.

Британецот не беше фантастичен на последниот тренинг, но ја покажа класата кога беше најпотребно.

Денес стигна до шестата пол позиција во низа, а вкупно 63-та во кариерата. Во случај да биде најбрз и во квалификациите за ГН на Бахреин, Хамилтон ќе го израмни рекордот од 2015-та година.

Најмногу пол позиции во низа има освоено легендарниот Аиртон Сена (8), а следат Михаел Шумахер, Алан Прост и Луис Хамилтон (7).