Томислав Јотовски како експресен воз – Македонија израмни против Луксембург


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тениски репрезентативец, Томислав Јотовски го победи Кристоф Тол од Луксембург во натпревар од Дејвис купот со 2:0 во сетови.

Во воведниот гем од првиот сет Јотовски ја искористи втората брејк топка за водство, 1:0. Јотовски во третиот гем повторно направи брејк за 3:0. Тол успеа да земе гем на свој сервис и да направи брејк, 4:2. Македонскиот тенисер лесно стигна до гем на свој сервис, а потоа на сервис на Тол ја искористи втората сет топка за добивање на првиот сет, 6:2.

Јотовски во вториот гем од вториот сет направи брејк, 2:0. На сервис на Јотовски, Тол ја искористи единствената брејк топка и намали на 2:1. Македонскиот тенисер во следниот гем имаше една брејк топка која ја искористи, 3:1. Јотовски пропушти четири гејм топки на негов сервис, а Тол повторно намали на еден гем негатива, 3:2. Томислав експресно во шестиот гем од вториот сет направи брејк, 4:2. Македонскиот тенисер беше сигурен на свој сервис, а во осмиот гем стигна до три сет топки од кои првата ја искористи за победа на овој натпревар, 6:2.

Македонија после оваа победа на Томислав Јотовски го израмни резултатот против Луксембург, 1:1. Победникот на овој натпревар ќе го реши натпреварот во дубл помеѓу Димитар Грабул/Томислав Јотовски и Том Дајдрих/Алекс Кнаф.