Барселона го декласираше Синфин – Лазаров најефикасен, Борко 12 одбрани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Барселона на домашен паркет го победија Синфин во натпревар од 24-то коло во Асобал, 39:25.

Првото полувреме му припадна на ракометарите на Барселона, 20:12. Во второто полувреме каталонците ја зголемија предноста која на крајот изнесуваше 14 погодоци, 39:25.

Кирил Лазаров, Валеро Ривера и Дика Мем ја предводеа Барселона до победа на овој натпревар. Борко Ристовски натпреварот го заврши 12 интервенции. Кај Синфин најефикасен натпреварот го заврши Пабло Паредес Лапења со 6 погодоци.