Металург го совлада и Охрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарите на Металург го победија Охрид во натпревар од третото коло од плеј-офот, 29:23.

Охрид даваше отпор подолго време, но не успеа да издржи до крајот. На полувреме Металург замина со четири погодоци предност, 17:13. Во второто полувреме Металург го зголеми своето водство кое на крајот изнесуваше шест погодоци, 29:23.

Обрадовиќ и Гуглета го предводеа Металург со по 6 погодоци. Кобетиќ го заврши натпреварот најефикасен кај Охрид со 7 погодоци.