Плеј-аут – Вардар е редовен пациент на Пелистер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Пелистер го победија Вардар на домашен паркет во натпревар од петото коло од плеј-аут, 77:70.

Адекунле на стартот на натпреварот погоди две тројки, 2:6. Пелистер преку Анакиевски и Талевски стигна до водство, 12:11. Лазаревски погоди тројка, а Зекири двојка за 14:19. Анакиевски во последната минута од првата четвртина погоди тројка за 17:19 после десет минути игра.

Пелистер направи серија од шест поени за 25:22. Иванов, Адекунле и Зекири погодија за плус пет на вардарци, 27:32. Пелистер преку Фил и Анакиевски го израмни резултатот, 32:32. Зекири постигна пет поени во низа за 32:37. На полувреме Вардар замина со два поени предност, 39:41.

Битолскиот клуб на почетокот на второто полувреме го презеде водството, 42:41. Пелистер постигна осум поени во низа за водство, 50:43. Фил и Андрејевиќ донесоа водство на Пелистер од девет поени, 57:48. Пелистер во последната четвртина влезе со предност од девет поени, 61:52.

Ивановиќ и Адекунле погодија две тројки во низа за намалување на три негатива, 61:58. Анакиевски и Голубовиќ зголемија на плус пет, 67:62. Пелистер со поени на Андрејевиќ и Фил зголеми на плус седум, 71:64. Србиновски постигна четири поени во низа за 71:68. Пелистер на крајот победи со 77:70.

Фил со 19 поени го предводеше Пелистер до победа. Анакиевски додаде 18, Голубовиќ 14, а Андрејевиќ 13 поени. Кај Вардар, Адекунле го заврши натпреварот најефикасен со 20 поени.