„Алегри останува во Јувентус“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе неколку месеци во медиумите се шпекулира дека италијанскиот стручнак Масимилиано Алегри на крајот на оваа сезона ќе ја напушти клупата на Јувентус.

Алегри после доаѓањето на клупата на Старата дама оствари доста добри резултати со оваа екипа, а неговата желба е во оваа сезона да освои тројна круна.

Сепак, атмосферата во редовите на овој клуб ја расипува приказната дека Алегри на крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус.

Имено, прво почна да се шпекулира дека Алегри ќе биде нов тренер на Арсенал, а после тоа се појави приказна дека ќе ја преземе клупата на Барселона.

Меѓутоа, директорот на Јувентус, Бепе Марота, ги демантираше овие наводи.

„Алегри останува во Јувентус. Би било голема грешка ако мислите дека тој ќе оди во Барселона. Има договор до крајот на наредната година и веруваме дека ќе го продолжи. Тој почна ера во овој клуб и сеуште не заврши“, рече Марота.