Официјално: Жуан Жесус во Рома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стоперот кој може да игра на позиција лев бек, Жуан Жесус, е ново засилување на Рома.

Беше очигледно, сега е се готово.

Рома доби засилување во вид на бразилскиот фудбалер Жуан Жесус. Досегашниот фудбалер на Интер се одлучи да ги напушти Нероаѕурите поради тоа што немаше место во стартниот состав кај Роберто Манчини.

Веста дека тој стана член на Рома е објавена и на официјалниот сајт на Волчицата, интересно дека е тој 41 Бразилец кој ќе игра за овој тим.

Од Интер стигна на позајмица до јуни 2017 година, но постои можност за откуп на договорот.

Позајмицата ќе чини 2 милиони евра, а откупната цена е 8 милиони евра, се е уредно објавено на сајтот на Рома.

Овој 25-годишен фудбачер целата своја кариера ја играше во Интер, ова е прв пат да менува клуб.