ВТА Чарлстон – Остапенко и Касаткина ќе играат во финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јелена Остапенко се пласираше во финале на турнирот во Чарлстон, откако победи против Лучиќ-Баронисо 2:1 во сетови, односно 6:3, 5:7 и 6:4.

Остапенко победи по повеќе од 2 часови борба и така стигна до 2-та победа против Хрватката во оваа година.

Во финалето таа ќе игра против Касаткина која беше подобра од Сигмунд со 2:1 во сетови, односно 3:6, 6:2 и 6:1.

Победничката на овој турнир ќе добие 132.380 долари и 470 бодови додека финалистката ќе добие 70.460 долари и 305 ВТА поени.