Му благодарам на тимот за одлично завршената работа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Кина.

Трикратниот шампион во Ф1 зад себе ги остави Себастијан Фетел и Макс Ферстапен.

Хамилтон во Шангај беше сигурен, од почетокот до крајот доминираше и ја оствари 54-та победа во кариерата.

„Му благодарам на тимот за одлично завршената работа. Вложивме многу напор, а во таков ритам сигурно ќе продолжиме“, изјави Хамилтон.

„Денес беше тешко за сите нас. На стартот беше сува патеката, но во неколку кривини влажна. Горд сум на сите нас“, додаде Хамилтон.

Во генералниот пласман Хамилтон и Фетел се на делба на првото место со по 43 бода, а следат Ферстапен со 25, Валтери Ботас со 23 и Кими Раиконен со 22 бода.