Игуаин со еден збор го опиша враќањето во Неапол!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Игуаин имаше многу бурна недела.

Неговиот Јувентус во текот на претходните 7 денови гостуваше 2 пати кај Наполи, еднаш во Серија А, а вториот пат во купот.

Иако Јувентус не успеа ниту еднаш да победи, двата резултати можат да бидат задоволувачки затоа што во лигата освоија бод, а во купот и по поразот поминаа понатаму.

Игуаин во текот на двата натпревари постигна 2 голови и тоа 2-та во купот.

Да потсетиме, тој од Наполи за 90 милиони евра помина во Јувентус, а тоа навивачите нема да му го простат.

Сепак, тие свирежи испратени кон него не го направија да се чувствува лошо на стадионот.

„Враќањето во Неапол беше посебно, но сега навивачите на Јувентус ме радуваат.“

Да потсетиме, тој во победата против Киево постигна 2 голови и сега е трет стрелец со 21 гол. Пред него се Џеко и Белоти.