Збунетост во Мадрид – Во Реал нема број, големите застанаа во долгиот ред за Асенсио, се прашуваат Иско и Хамес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кралскиот клуб нема да донесе одлука пред 9-ти август.

Дилема на Сантијаго Бернабе. Покрај Иско и Хамес јасно е дека во првиот тим на Реал нема место за Асенсио, но Зинедин Зидан не мисли дека би било правилно да го продаде 20-годишниот фудбалер бидејќи гледа во него фудбалер кој може да ја носи играта на кралскиот клуб. На денешното претставување на дресовите, Асенсио го немаше. Младиот фудбалер остана без број.

Минатото лето дури 20 клуба беа заинтересирани за него, но сега има разлика во калибарот на клубовите кои се заинтересирани.

Еспањол сака да го задржи, но мали се шансите бидејќи во трката се вклучија моќните Валенсија и Виљареал, но и клубови од Германија и Италија.

Пред се ниту Иско ниту Хамес не го уверија Зидан дека се долгорочни фудбалер на кралскиот клуб. Самиот Асенсио сака да остане во Мадрид и да се бори за минутажа. Подршката на Зидан ја има. Најреалната опција е да му се исполни желбата барем до 9-ти август и натпреварот против Севиља. После тоа, тренерот ќе каже што мисли.