„Пјаниќ добро се прилагоди во Јувентус!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Јувентус, Мората смета дека Пјаниќ со трансферот во Торино направил добар потег во кариерата.

Тој по 5 години во Рома премина минатото лето во Јувентус за 32 милиони евра, а освен тоа што веднаш по доаѓањето се избори за статус на првотимец, тој според зборовите на Мората напредувал и како играч.

„Пјаниќ напредуваше во професионалната кариера и на личен план. Тој ги покажува квалитетите и јасно е дека се прилагоди на новата средина во која професионализмот е на повисоко ниво од другите клубови.“

Пјаниќ оваа сезона одигра 36 натпревари за Јувентус, а притоа постигна 8 голови и 10 асистенции.