Батум го пропушта Евробаскетот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француската репрезентација ќе биде значително ослабнета на претстојниот евробаскет турнир.

Покрај Тони Паркер кој се повлече од репрезентацијата, нема да настапува ниту Никола Батум.

Членот на Шарлот реши ова лето да се посвети на себе и дека оваа одлука е доста тешка.

„Ќе си посветам малку време на себе па ќе се вратам на терен. Потребно ми е ова лето да се фокусирам на себе. Тоа ми е потребно и на мене и на мојот тим. Ова е дефинитивно една од најтешките донесени одлуки во животот“ – вели Батум

Франција е во групата А заедно со Грција, Полска, Исланд и Словенија и ќе играат во Хелсинки.