Милан го растури Палермо, Кротоне го потопи Интер, Рома беше сигурна против Болоња!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 15:00 часот се одиграа неколку натпревари во Серија А.

Во натпреварот помеѓу Милан и Палермо беше видена одлична игра од страна на фудбалерите на Милан.

Првата посериозна шанса ја имаше Сусо кој успеа да погоди од слободен удар за 1:0 во 6-та минута.

Подоцна Пашалиќ имаше одлична шанса која ја претвори во гол за 2:0 по центаршут.

Трета посериозна шанса која ја имаше Милан и таа ја претвори во гол Бака кој испрати удар со глава по средината на голот и зголеми на 3:0. Во 70-та минута Делуфеу по асистенција на Де Шиљо зголеми на 4:0.

Рома немаше проблеми на гостувањето кај Болоња, па стигна до победа.

До првиот гол се чекаше до 26-та минута кога Фацио успеа да ја прими топката во казнениот простор и погоди покрај десната статива за 1:0.

Пред крајот на полувремето, поточно во 41-та минута Џеко му асистираше на Салах кој постигна одличен гол за 2:0.

Џеко успеа да постигне гол во 75-та минута за 3:0.

До крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси Рома, но резултатот остана непроменет.

Кротоне го потопи тимот на Интер на домашен терен.

Медел направи пенал во 18-та минута, а минута подоцна мирно го реализираше Фалцинели и Кротоне го превзема водството.

Само 3 минути подоцна Фалцинели доби добро додавање во казнениот простор и одлучи со лоб удар да го казни Хандановиќ и зголеми на 2:0.

Интер се обиде да се врати во натпреварот, а гол постигна во 66-та минута преку Д`Амброзио.

Останати резултати:

Сампдорија – Фиорентина 2:2
Каљари – Торино 2:3
Удинезе – Џенова 3:0