Вардар во вечното дерби лесно го победи Пелистер, Шкендија и Работнички освоија по бод


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа пет натпревари од 26-то коло во првата македонска фудбалска лига.

Вардар на Телеком Арена го победи Пелистер во вечното дерби, 3:1.

Боарето во 12-та минута му донесе водство на Вардар. Во период од две минути Стефан Спировски и Тигран Барсегјан зголемија на 3:0. Мартин Ковачев во второто полувреме со погодокот од пенал ги постави конечните 3:1.

 

Шкендија и Ренова во тетовското дерби ги поделија бодовите, 1:1.

Стојанчо Велинов му донесе водство на гипсарите во второто полувреме. Бесарт Ибраими во 83-та минута ги постави конечните 1:1.

 

Брегалница на домашен терен ја победи Македонија Ѓорче Петров, 1:0.

Бобан Георгиев во второто полувреме го постигна победничкиот погодок за Брегалница.

 

Шкупи во Чаир беше подобар од Силекс, 3:1.

Ермедин Адем и Емануел Мбела во првото полувреме погодија за Шкупи. Буњамин Шабани зголеми на 3:0, а гостите преку Антонио Каланоски го постигнаа единствениот погодок на натпреварот.

 

На натпреварот Победа – Работнички не беа постигнати погодоци, 0:0.

 

ТАБЕЛА:

1.Вардар 62 бода
2.Шкендија 51 бод
3.Работнички 43 бода
4.Пелистер 37 бода
5.Силекс 35 бода
6.Ренова 32 бода
7.Шкупи 28 бода
8.Победа 23 бода
9.Брегалница 19 бода
10.Македонија Ѓорче Петров 17 бода