Лудило на Гудисон – Евертон го победи актуелниот англиски шампион


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Евертон на Гудисон го победија Лестер во натпревар од 32-ро коло во Премиер Лигата, 4:2.

После една минута игра Том Дејвис погоди за водство на карамелите.

Три минути подоцна Ислам Слимани го израмни резултатот. Марк Олбрајтон од слободен удар постигна погодок за радост на лисиците, 1:2.

Во 23-та минута Ромелу Лукаку го промени резултатот на семафорот, 2:2. До крајот на првото полувреме Фил Џагелка постигна погодок со глава за водство на Евертон.

Ромелу Лукаку во второто полувреме го постигна својот втор погодок на натпреварот за конечни 4:2.